Известување за дополнителни програми
Почитувани родители, Ве известуваме дека нашата градинка организира дополнителни програми, кои се оддобрени од Советот на родители, и тоа:
- Курс за изучување на англиски јазик (за деца од 4-6)
- Курс за изучување на италијански јазик (за деца од 5-6)
- Курс за балет, ритам и танц (за деца од 4-6)
- Курс за јога (за деца од 4-6)
Бидејки курсевите започнуваат да се реализираат од 01.10.2022 и за истите е потребно да се обезбедат термини и распоред, Ве замолуваме доколку сте заинтересирани Вашето дете да посетува некој од дополнителните програми пријавете се кај воспитниот кадар најдоцна до 28.09.2022 год.